Какви видови на привлечност постојат?


Привлечност може да постои од најразлични причини, па понекогаш можеме да бидеме фасцинирани од некоја личност дури и ако истата не ни одговара сексуално.

Постојат повеќе работи во целокупната комбинација која ја прави некоја личност привлечна, а сексуалната привлечност е само една од нив:

– Сексуална привлечност
Сексуална привлечност е чувство кое предизвикува желба за сексуален контакт со одредено лице. Ако постои хемија, без потреба од друг вид комуникација, ова е чиста сексуална привлечност.
– Сензуална привлечност
Слична е како сексуалната, но овој вид привлечност е повеќе софистициран. Додека сексуалната привлечност е релативно сурова, сензуалната привлечност подразбира нежност и малку подлабока емоција.
Ова е желба да се прават сензуални (но не и сексуални) работи со некое лице.
– Романтична привлечност
Романтична привлечност е желба за романтична врска со одредена личност. Потреба да се запознаете, да се држите за рака и да ги споделувате интимните детали за себе. Овој вид на привлечност е основата на повеќето врски.
– Занес
Дечкото од соседството што го среќаваме понекогаш, колегата или некој што ни е многу привлечен, но веројатно нема да сториме ништо во врска со тоа. Овие лица се одлични за флертување и подигање на самодовербата, но оваа привлечност е честопати само пријателска.
– Платонска привлечност
Платонска врска значи длабока поврзаност и меѓусебно почитување и восхитување, но без желба за романтична врска или сексуален однос.

Извор: vistina.com.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous Вељко Ражнатовиќ откри на колку години ја изгубил невиноста: „Беше трауматично“ (видео)
Next 10 НЕВЕРОЈАТНИ HD СЛИКИ ШТО ЌЕ ВИ ГИ ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ ОЧИ – ТРЕТ ДЕЛ

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *