Двете најголеми љубови на Тоше: Благица Мицова и Андријана Будимир на различни политички страни (ФОТО)


Деталите за животот на Тоше Проески, пејачот со ангелски глас и насмевка не престануваат да ја интригираат јавноста, а ова се ндевојките – денес жени,  за кои се смета дека се неговите единствени вистински љубови.

Првата е некогашната манекенка Благица Бети Мицова од Неготино, со која Тоше се запознал во 1998 година.

Нивната врска траеше до почетокот на 2002 година и под притисок од популарноста беше раскината. По неговото појавување на Евровизија во 2004 година, тие се смириле, а потоа повторно раскинале… Врската ја завршиле во 2006 година.

Сепак, пријателите на Тоше Проески велат дека двајцата секогаш биле во контак, а Тоше и испраќал билети за сите негови концерти. Нивните пораки, наводно сè уште стојат во неговиот телефон и ден денес.

„Знам дека јавноста сака да ги знае деталите за мојата љубов со Тоше, но никогаш досега не сум дала интервју и не ја открив нашата приватност. Тоа ќе остане така засекогаш“  – ќе рече Благица во изјавата за македонските медиуми во 2014 година, кога открила дека го напушта манекенството и сериозно му се посветува на студирањето.

Ќе дипломира и ќе се омажи за Виктор, братот на тогашниот министер за образование Спиро Ристевски, во владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот Никола Груевски.

Денес има свое семејство, е сопруга и мајка на синот Александар и ќерката Софија и живее живот далеку од очите на јавноста.

Познатата ракометарка Андријана Будимир се смета за втората голема љубов на Тоше. Со него Андријана била во врска по разделбата на пејачот со Благица, па се до 2004 година кога Тоше и се враќа на претходната љубов.

Будимир врската со Тоше ја обновува три години подоцна, за неговиот 25 роденден. Наводно требале да се венчаат и да му роди дете, но менаџерскиот тим сметал дека тоа не добро за неговата кариера, која непосредно потоа беше насилно прекината со неговото трагично загинување во октомври, 2007 година, во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка.

Шест години подоцна, во 2013 година Андријана Будимир ќе се омажи за познатиот скопски менаџер на дискотеки и угостителски локали Јохан, а следната година двојката ќе го добие и синот Максим.

Покрај сето останато, позната по обидот да има свој салон за убавина, нејзината приватна ракометна школа, а стана и првиот женски селектор на една македонска машка селекција, онаа – ракометната до 17 години.

Деновиве Андријана Будимир прифати и политички ангажман, откако реши да пристапи и да биде вклучена во Комисијата за спорт на СДСМ, која ја предводи поранешниот ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски.

Така, двете најголеми љубови на Тоше Проески – манекенката и модел Благица Мицова и ракометарката, ракометен тренер и селектор Андријана Будимир, се најдоа и на две различни, политички спротиставени страни!

Извор: vistina.com.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 30 НОЕМВРИ ДО 1 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА
Next Истражување: Бунтовните и тврдоглави деца се поуспешни

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *