СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29. НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА


Стрелецот ја пронаоѓа идеалната личност за себе, Водолијата размислува за брак или заеднички живот, Бикот го очекува патување на деловно поле.

ОВЕН

Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска и понатаму се двоуми и не е сигурна како да се постави кон вас. Проблеми со грчеви во мускулите.

БИК

Доколку планирате патување може да очекувате дека околностите добро ќе се наместат. Вашата емотивна ситуација е многу комплицирана. Не ви е лесно да се ослободите од влијанието на минатото. Избегнувајте пороци.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е поволен период за нови деловни проекти или за почеток на работа на некое ново работно место. Решивте да ставите точка на односот во кој не сте задоволни. Сметате дека заслужувате повеќе. Проблеми со бубрезите.

РАК

Позитивниот став на работното место ќе ви се исплати. Важно е да не престанувате да се трудите и ќе напредувате. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите кои ги имате во вашата емотивна врска. Можна е вознемиреност.

ЛАВ

Ве очекува ден кој ќе биде многу напнат. Можни се многу стресови и промена на работата. Подгответе се за важен разговор со саканата личност. Сега е момент да разјасните некои работи. Проблеми со видот.

ДЕВИЦА

Подгответе се за компликации на работа. Во наредниот период многу работи нема да бидат онака како што очекувате. Можеби немавте доволно време да бидете со саканата личност и таа се оддалечува од вас. Пад на имунитетот.

ВАГА

Не е премногу поволен ден за започнување на бизнис. Потрудете се сѐ она што ви е помалку важно да го одложите. Пред вас е прилика за незадолжителна авантура. Можно е сепак да не прифатите. Чувствителни бели дробови.

ШКОРПИЈА

Можно е да имате некој губиток на работа или некоја материјална штета. Доколку сте во брак, ќе имате проблеми во однос на партнерот во текот на денот. Болки во стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Можеби нема да го добиете унапредувањето на кое се надевате и ќе имате некои проблеми на ова поле. Упорни сте да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Сметате дека таа е идеална за вас. Хроничен умор.

ЈАРЕЦ

Пред вас е период во кој ќе имате можност за да ги поправите оние работи кои на ова поле ви претставуваат пречки. Можно е саканата личност да ви замерува некои работи и време е да разговарате за тоа. Променливо расположение.

ВОДОЛИЈА

Ако бидете премногу импулсивни и строги во комуникацијата со соработниците, многумина ќе се свртат против вас. Размислувате за брак или заедница со личност која ви се допаѓа. Чувајте се во сообраќајот, патите од недостаток на концентрација.

РИБИ

Не сакате да се откажете од своите идеи иако засега не сте добиле никаква поддршка за нивна реализација. Доколку сте слободни, пред вас е период кој може да донесе почеток на нова врска. Можни се проблеми со притисокот.

Извор: srekja.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous Аца Лукас има „лесна рака“, а не „змија во џебот“ како некои: Пејачот даде „најдебел плик“ со евра на свадбата на синот на Цеца (ВИДЕО)
Next Невестата која се сликаше на своите свадбени слики со нејзиниот миленик

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *