Ламњов го промовираше ЦД-то Носталгична љубов (видео)


Музиката е инструментална а изведувачот свири на кларинет

Велешанецот Благој Ламњов го промовираше своето прво музичко ЦД насловено Nostalgic Love. Во преполната медиотека на Градската библиотека, Ламњов го претстави овој носач на звук, на кој работел две години. Тој свири на кларинет и сите десет нумери се инструментали. 

Ова е една нова димензија на македонската инструментална музика и едно ново лице на овој популарен инструмент, кларинетот. Ова се песни инспирирани од македонската музика но помешани со неколку други убави стилови, а сето тоа изведено со елеганција и традиција од класичната музика и префинетиот класичен тон на кларинетот. Сакав да го привлечам вниманието и на луѓе кои никогаш не слушале кларинет, тинејџери, трубофолкери. Со мојата музика некој заспива, некој се биди, друг додека вози кола – вели Ламњов. 

Тој на ова музичко издание е во улога на продуцент, автор на музика композитор и исполнител.  Во некои од нумерите има придружба на пијано, бас, гитара и ударни инструменти.  ЦД-то е издадено со совети и финансиска поддршка од  Торбен Уландер од Шведска, снимено е во Малме, во ,,Жолтото студио,,.   

Ламњов кој животниот музички пат го започнува во основното музичко училиште од Велес, заминува во Шведска во 2004-та, каде завршува музичка академија. Има живеено и настапувано во САД и Јапонија. Тој е слободен уметник. Моментално настапува во Градскиот театар на Стокхолм, во мјузиклот  ,,Свирачот на покривот,,. Свири и во Операта на Малме и   Филхармонијата во Хелсинборг.


Извор: tirekovmirece.com

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26. НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА
Next Вељко Ражнатовиќ и Богдана го открија полот на бебето

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *