Еве што напишаа познатите за силниот земјотрес (фото)


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава, на 26.11.2019 регистрирше серија на земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170km југозападно од Скопје.

Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.

Силниот земјотрес ги разбуди граѓаните во Македонија меѓу кои и македонските јавни личности кои во раните утрински часови го почувствуваа земјотресот.

Меѓу нив и водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска која се разбуди од силниот земјотрес. Филиповска на „Инстаграм стори“ објави видео каде што го снима лустерот во домот, а во описот на истото напиша:

„Имаше земјотрес или не?Ме разбуди од спиење“ напиша Лила.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Имено, и пред две години кога имаше серија на земјотреси во Македонија, Лила се наоѓаше во студиото на Сител каде што го снимаше квизот „Се или нешто“ и тогаш тој дел беше забележан со камера.

И некогашната водителка Мелита Ракиќевиќ се огласи на својот „Инстаграм“.

„Вау, земјотрес јак“ напиша Мелита во описот на фотографијата која е направена од улица.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Мартин Филиповски во кратките приказни исто така сподели дека го почувствувал земјотресот, односно објави фотографија од јачината на истиот.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Според последните информации објавени од албанските медиуми во серијата земјотреси, од кои најсилниот беше 6.4 степени според Рихтеровата скала, повредени се над 300 лица и има 7 жртви.

Извор: vistina.com.mk


ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous Јелена Розга одговори на шпекулациите дека е во љубовна врска со 12 години помладо момче
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26. НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *