Откако во медиумите се појавија шпекулации дека се скарале Тамара и Елена, познатата пејачка се огласи и ја откри вистината


Тамара Тодевска и Елена Ристеска важат за едни од најпознатите пејачки на македонската естрада, секоја успешна во професијата и со фанови кои ја слушаат нивната музика.

Иако можеби поради професијата и музичката кариера тие треба да гледаат конкуренција една во друга, Тамара и Елена се добри пријателки.

Често на социјалните мрежи може да видиме фотоготафии од заеднички дружења, забави, родендени.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Заедно можевме да ги видиме на концертот на Влатко Лозаноски во „Арена 1“ во Скопје.

Исто така, Елена ја поддржа Тамара на „Евровизија“ и тогаш истакна дека е горда на неа.

Меѓутоа, деновиве „Слободен печат“  обајви дека  наводно пејачките се скарале бидејќи повеќе не се следат на „Инстаграм“ .

Исто така, беше објавена и фотографија на која се гледа дека двете пејачки не се следат на социјалните мрежи, па отаму започнаа шпекулациите дека не се во најдобри односи.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/СЛОБОДЕНПЕЧАТ

Меѓутоа за да провериме дали пејачките се следат, го отвориме „Инстаграм“ профилот и забележавме дека двете пејачки се следат, односно дека Тамара ја следи Елена и обратно. Дали тие се отследиле или па заследиле, не знаеме….

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Од друга страна, Елена во изјава за „Женски магазин“ ги демантираше овие пишувања и потенцираше дека не е скарана со својата другарка и колешка:

– Скарани? Јас таква информација немам, првпат слушам. Последните пораки мои и нејзини се поддршка за сѐ што ѝ се случуваше, а од нејзина страна благодарност што сум тука за неа од кога сме се запознале. Некој сака да направи некаков хаос, но нема да му успее…кој и да е тој- изјави Ристеска за Женски Магазин.

Извор: vistina.com.mk

loading...
Previous СОЗДАВА БРЧКИ, ЈА СУШИ КОЖАТА И ТОА НЕ Е СЀ: КАКО АЛКОХОЛОТ ВЛИЈАЕ НА ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *