Цената на Елмас драстично скокна по одличните игри за Наполи (ФОТО)


Елиф Елмас изминатото лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра, плус дополнителни два милиони во бонуси.

На стартот од сезоната македонскиот репрезентативец според интернет порталот „Трансфермаркт“ беше проценет на 10 милиони евра. Сега неговата цена е зголемена за седум милиони евра и е помеѓу десетте фудбалери во Серија А со најголем напредок. Тој добива солидна минутажа од тренерот Карло Анчелоти, а аналитичарите ја забележаа неговата игра и сега тој вреди многу повеќе отколку кога дојде во тимот.

Според „Трансфермаркт“ најголем скок во цената според игрите прикажани сезонава на теренот има Стефано Сенси од Интер, но тука се уште двајца соиграчи на Елмас од Наполи, а тоа се Фабијан Руиз и Џовани ди Лоренцо.

Извор: digitalnews.mk

loading...
Previous НА НИКОГО НЕ МУ СЕ СИМПАТИЧНИ: 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ АСТРОЛОЗИТЕ ГИ ОПИШУВААТ КАКО НАЈИРИТИРАЧКИ!
Next Поранешната водителка на „Бекстејџ“ се соблече во бикини и покажа како изгледа неколку месеци по породувањето

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *