Владата најави наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“


На предлог на Министерството за финансии, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Oд владината прес-служба велат дека целта на оваа мерка е понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање фискални сметки.

Мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Извор: centar.mk

loading...
Previous Поранешната водителка на „Бекстејџ“ се соблече во бикини и покажа како изгледа неколку месеци по породувањето
Next Утврден предлог-законот за помош за покачување на платата до 100 евра кај приватниците

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *