Шест работи за кои богатите никогаш не трошат многу пари


Луѓето кои умеат со пари обично не се големи потрошувачи и не купуваат најнови модели на автомобили, не трошат пари за најнови модни парчиња и не набавуваат најнова технологија, пишува Business Insider. Тие многу рационално ги трошат парите.

Не мора да бидете богат за да знаете добро да располагате со пари. Да умеете со парите значи да имате добри навики, а не високи приходи. Луѓето кои добро располагаат со парите бараат начин да живеат според нивните можности и да трошат помалку од тоа што треба.

Business Insider на едно место собра неколку корисни совети од експерти и луѓе кои се богати и кои умеат со парите.

1. Не купуваат нови автомобили

„Личноста која има неколку стотици илјади долари во банка или е милионер ќе вози автомобил стар 5 или 10 години“, вели Линет Калфан Кокс, експерт за финансии.

Стивен Џон, соработник на Business Insider, вели дека новиот автомобил губи 10% од вредноста во првиот месец и 20% од вредноста во првата година од купувањето. Некој кој умее добро да располага со парите нема да преземе таков ризик.

2. Не купуваат скапи недвижнини

Луѓето кои добро се снаоѓаат со пари не сакаат да потрошат повеќе отколку што можат да си дозволат кога станува збор за купување куќа или друга недвижнина. Знаат дека најдобро е да го купат тоа што можат да си го дозволат.

3. Не купуваат работи на рати

Без разлика дали станува збор за купување од 2.000 долари или 20 долари, оние кои добро заработуваат нема да купуваат на рати туку ќе платат со готовина. Доколку состојбата на вашата кредитна картичка значи дека секој месец ќе се наплаќа камата, а ниту тоа нема да биде евтино, на крајот каматните стапки може да изнесуваат дури 25 проценти и повеќе.

4. Не купуваат брендови и скапа облека

Оние кои добро се снаоѓаат со пари помалку се заинтересирани за брендови и марки на облека.

„Скапата облека повеќе не е заштитен знак на богаташите, особено во САД. Наместо материјални работи богаташите денеска одлучуваат да ги потрошат парите на приватни и ексклузивни велнес и фитнес третмани и вложуваат во образование наместо во купување дизајнерски предмети“, вели Хилари Хофовер од Business Insider.

5. Квалитет пред квантитет

Оние кои добро умеат со пари не ги полнат шкафовите со облека која моментално е во тренд, но не купуваат и евтини работи кои не се квалитетни. Парите ги вложуваат во работи кои траат.

6. Не планираат раскошни и скапи венчавки

Секој кој планира свадба знае колку пари се потребни. Но, оние кои умеат со парите не планираат да потрошат многу пари на нивната свадбена церемонија, туку онолку колку што треба.

Извор: Кајгана

loading...
Previous Она што сите жени го обожаваат им е забрането на дамите во кралското семејство
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *