ТЕХНОЛОГИЈАХАРДВЕР И СОФТВЕР

Не го оставајте телефонот на овие 8 места: Во џеб, под глава…

Иако сè уште не знаеме доволно за влијаението на мобилните телефони врз нашето здравје, постојат истражувања кои укажуваат на тоа дека се потенцијално штетни, па со нив треба да ракуваме вниматлно.

Во 2011-та година, Меѓународната агенција за истражување на рак, зрачењето од мобилните телефони го класифицирала како „потенцијално канцерогено“, а знаеме дека мобилните телефони испуштаат радиофрекфенциско зрачење кое може да се апсорбира во деловите на телото кои се во близина.

1. Никогаш не го носете мобилниот телефон во џеб

Иако многумина го ставаат телефонот во џебот од панталоните, немојте да го правите тоа ако ви е вклучен мобилниот. Имено, зголеменото зрачење може да влијае на здравјето на репродуктивните органи. Постојат истражувања кои укажуваат дека тоа може да влијае на машката плодност, како и такви кои укажуваат дека тоа може да биде поврзано и со болки во грбот.

2. Подалеку од градите

Постојат и студии кои укажуваат дека зрачењето од мобилниот телефон може да го поврзете со поголем ризик од тумор на дојка. Иако не постојат цврсти докази, подобро е да го носите во чанта, подалеку од телото. Тоа посебно се однесува на пациентите кои имаат вградени електронски уреди кои служат за подобра работа на срцето.

3. Не спијте со мобилниот телефон

Не го држете мобилниот телефон во кревет или под перница за време на ноќта, особено ако го полните, првично поради тоа што може да се случи уредот да експлодита и да настане сериозна штета. Светлото од екранот може да ви го поремети сонот, што е уште една причина зошто да не спиете со него. Ако во текот на денот е неопходно негово користење, не важи истото и за ноќта.

4. Нека не се полни кога нема потреба

Не го полнете предолго вашиот мобилен телефон, првично бидејќи може да ја оштетите батеријата. Секако не го оставајте во фиока или под перница, бидејќи тоа може да доведе до прегревање на апаратот.

5. Не го држете блиску до лицето

Допирањето на мобилниот телефон на лицето не е проблем само поради тоа што екранот е многу чувствителен на допир, па може да го прекине разговорот, туку на тој начин може да пренесете еден куп бактерии кои се наоѓаат на вашиот телефон. Тоа може да предизвика акни и да ја изиритира кожата.

6. Никако во касетата на автомобилот

Мобилниот генерално не е добро да го оставате во автомобил, а особено не на некои места каде може да дојде до претерано загревање, како што е касетата. Прегревањето на апаратот може да резултира со експлозија, додека оние помалите проблеми се поврзани со трошоци за поправка.

7. Не со мобилниот телефон на сонце

Од истата причина, мобилниот телефон никако немојте да го изложувате на сонце, на пример на плажа. Тоа може да предизвика оштетување на екранот, на батеријата…

8. Не излегувајте со него од тоалет

Многу истражувања укажуваат на тоа дека мобилните телефони се право место за зарази, а тоалетот е еден од оние места каде што ќе соберете најмногу бактерии. Дури и ако не го држите додека седите на школка, кога ќе пуштите вода, капките може да стигнат до телефонот – и ете извори на зараза.

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close