Ако сакате да живеете на Марс ќе мора да јадете скакулци


Се смета дека ресурсите како енергијата, водата и кислородот се достапни на Марс, но одржливо снабдување со храна, веќе долго се смета за непремостива препрека.

Населувањето на Марс се ближи до реалноста, а стратегијата за преживување на луѓето на Црвената планета подразбира исхрана која вклучува инсекти.

Сепак, научниците сметаат дека клучот на успехот во намерата за населување на Марс, лежи во одгледување на месо во лабораторија но и јадење инскети. Експерти од универзитетот на Флорида смислиле план за одржување на милионски колонии луѓе.

„Најтешко ќе биде правењето на храна на Марс и ако сакате да ја имате доволно, морате да се потпрете на транспорт. Една од намирниците која во тие оконости би вредела се инсектите“ рекол Кит Кенон, коавтор на студијата.

Изгрaдба на фарма на инсекти на Марс би била ефикасна стратегија, бидејќи за нивното одгледување е потрбно мало количество вода, додека инсектите како храна, се калоричен и хранлив оброк. Брашно направено од скакулци е посебен производ кој научниците го препорачуваат.

Извор: centar.mk

loading...
Previous Запознајте го медицинското чудо од дете Мехо Бетон
Next Дневница 1200-1300 денари, платено сместување и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *