ЈАПОНСКИОТ ДОКТОР КОЈ ЖИВЕЕЛ 105 ГОДИНИ ГО ОТКРИВА РЕЦЕПТОТ ЗА ЗДРАВЈЕ И ДОЛГОВЕЧНОСТ


Шигеаки Хинохара верувал дека енергијата му дава радост на телото, а не спиењето и исхраната. Овој јапонски доктор живеел 105 години и до смртта активно работел водејќи сметка за своите пациенти.

На 18. јули 2017 година, Јапонија го изгуби своето национално богатство. Во текот на својот живот, Хинохара дал непроценлив допринес во рзвојот на здравствената заштита во земјата како доктор и научник.

Бил шеф на пет фондации и претседател на Меѓународната болница Св. Лука во Токио. Исто така, во Јапонија вовел годишни, сеопфатни лекарски прегледи, кои допринеле до зголемување на животниот век. Веројатно се прашувате како успеал да проживее толку години и да остане во добра форма?

Дали разумно ја комбинирал работата и приватниот живот? НЕ!

Дали спиел доволно? НЕ!

Доктор Хинохара работел 18 часа дневно, седум дена во неделата. Ова се неговите животни правила:

„Енергијата доаѓа кога се чувствувате добро, а не кога јадете или спиете доволно. Не го мачете своето тело со правила како што се пауза за ручек или попладневна дремка. Се сеќавате ли како изгледаше сѐ кога бевме деца? Не сакавме ни да јадеме ни да спиеме, важна ни беше само играта.“

Тој верувал дека возрасните мора да се однесуваат како деца. Ако сакате да живеете долго, водете сметка за тежината:

„За појадок пијам кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со лажичка маслиново масло. Ужина – млако и малку колачи, или воопшто не јадам кога сум зафатен. Ручек – зеленчук, малку риба и ориз, а два пати неделно јадам по 100 грама немасно месо“, изјавил докторот.

„Нема потреба да одите во пензија. Но, ако баш морате и чувствувате потреба, нека биде по 65. години.“

Хинохара советувал да не се оди на лекар за секоја ситница, туку да се спроведе терапија со животните и уметноста:

„Кога докторот ќе ви предложи терапија, веднаш прашајте го дали истото би им го препорачал на своите жена и деца? Доколку имаат спротивно мислење, докторите не можат да излечат секого. Па зошто непотребна болка и операции?“ заклучил Хинохара.

По негово мислење музиката и терапијата со животни им помага на пациентите повеќе отколку што докторите може да замислат.

„Болката е прилично мистичен феномен, а единствен начин да се заборави на забавата. Болниците би требало да водат сметка на пациентите да им се врати насмевката на лицето. Во нашата болница имаме часови по музика, терапии со животни и уметност“, рекол своевремено докторот.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6. СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 7 – 8 СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *