СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6. СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА


На Ракот му одговара флертот, Лавот се бори со настинки, Вагата ја чека поволен ден за решавање на деловни проблеми, Рибите ги очекуваат важни промени.

ОВЕН

Може да очекувате позитивни случувања кои водат до нови можности за работа кај вас. Полека се зближувате соо личност која ви се допаѓа. Подготвени сте да влезете во нова љубовна врска. Можни се проблеми со стомакот.

БИК

Време е да преземете малку поголема одговорност на себе за да може да остварите подобрување на работните услови. Импулсивно реагирате во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Проблеми со грлото.

БЛИЗНАЦИ

Можно е во текот на денешниот ден до вас да дојдат нови вести кои може да ви бидат од големо значење за работата. Може да очекувате многу интересни случувања со личноста која ви се допаѓа. Намалете го внесувањето на шеќер.

РАК

Не е поволен ден за потпишување договори како ни почеток на нова работа. Ви одговара флертот но не сте подготвени да одите до крај. Можеби едноставно не сакате врска со било кого. Внимавајте на градниот кош.

ЛАВ

Ве очекува поволен ден во кој ќе успеете брзо и лесно да остварите некои планови поврзани со работата. Доколку постои личност која ви се допаѓа, ве очекува поволен  период да започнете врска со неа. Помал пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Во текот на денешниот ден ве очекува поволна атмосфера на деловно поле. Може да очекувате добри околности. На љубовно поле ве очекуваат позитивни промени со кои ќе бидете задоволни. Одлично се чувствувате и полни сте со енергија.

ВАГА

Може да очекувате поволен ден за решавање на деловен проблем кој ве мачи од претходно. Ако имате партнер пред вас претстојат големи предизвици. Сега е време да го покажете своето вистинско лице во односот со него. Чувајте се од можни воспаленија.

ШКОРПИЈА

Потребно е да бидете директни и отворени во деловните понуди ако сакате да склопите нова соработка. Може да очекувате интересно познанство со личност која ќе ви се допадне, а почетокот на нова врска е блиску. Минлива главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Направивте добра деловна соработка која ви носи стабилни приливи на финансии. Задоволни сте. Ви одговара дружењето со личност која ви се допаѓа. Може да очекувате постепено напредување како пар. Здравјето е во ред.

ЈАРЕЦ

Се обидувате да ја анализирате ситуацијата во која се наоѓате и да најдете решение за проблемите кои ве оптеретуваат. Покажете малку флексибилност и разбирање кон партнерот на кого му е сега тоа потребно. Ве мачи внатрешниот немир.

ВОДОЛИЈА

Не се препорачува да започнувате нови работи или било какви ризици денес. Дајте си себеси и на партнерот доволно време за да успеете да ја пренесете вашата врска на повисоко ниво. Болки во грлото и проблеми со синусите.

РИБИ

Ве очекуваат важни промени кои ќе ви донесат многу среќа и задоволство. Може да очекувате поволен ден за работа. Можеби малку го разочаравте партнерот и вашата врска не оди во посакуваниот правец. Потребна ви е диета.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous „Ме погоди како нож во гради!“: Елена Ристеска објави досега невидена фотографија со Влатко Илиевски! (фото)
Next ЈАПОНСКИОТ ДОКТОР КОЈ ЖИВЕЕЛ 105 ГОДИНИ ГО ОТКРИВА РЕЦЕПТОТ ЗА ЗДРАВЈЕ И ДОЛГОВЕЧНОСТ

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *