Презентерката на временската прогноза на Телма сликовито покажа какво ќе биде времето, па тргна да се соблекува… (ФОТО)


Презентерката на временската прогноза на „ТВ Телма“, Елена Манојловски секогаш елегантна и стокмена, ама и привлечна, атрактивна, сексапилна е дамата заради која велат дека гледаноста на Метео на Телма пораснала со нејзината појава на ТВ екранот.

Ама со нејзиното стапнување пред камерите, очигледно порасна и нејзината популарност, па речиси од тотален анонимус Елена сега е препознатливо ТВ лице.

Затоа и нејзините профили на социјалните мрежи се повеќе се посетувани и лајкувани, а Елена е постојано активна, па секојдневно ги збогатува со нови фотографии.

И ако до сега гледачите на ТВ Телма чекаа покрај графичкиот приказ, таа самата да им соопшти какво ќе биде времето денес, утре и во наредните неколку дена, овој пат графиката не беше потребна, а ни сексапилната презентерка не мораше ништо да каже.

Едноставно доволно беше да се погледне нејзината фотографија и на сите веднаш да им стане јасно дека времето ќе биде пеколно жешко… И тоа неподносливо жешко, како што е „жежок стриптизот“ на самата Елена на фотографијата, која уште во канцеларијата тргна да го соблекува фустанчето од себе.

Се разбира се работи само за уште една наместена поза на атрактивната презентерка, која и овој пат се покажа како жешка прогнозерка и самата по своја мерка реши да бира како ќе се фотографира!

Извор: vistina.com.mk

loading...
Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 31. АВГУСТ – 1 СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА
Next Калиопи ги „истури“ на Инстаграм емоциите кон екс-сопругот Ромео Грил: „Фантастичен татко, пријател и човек…“ (видео)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *