СТАНАЛ ДОКТОР НА 16 ГОДИНИ, А ВЕЌЕ НА 24 ИМ ПОМАГА НА СИРОМАШНИТЕ СТУДЕНТИ ДА ГО ЗАВРШАТ ОБРАЗОВАНИЕТО!


Животната приказната на др. Роман Саини е успешна приказна, но многу празлична од сите останати. 

Тој се откажал од најпосакуваната административна работа во Индија посветувајќи го својот живот на помагање на оние деца кои што не можат да си ги дозволат трошоците за конкурентните испити. Тој ја основал „Unacademy“ за да им обезбедува едукација на студенти од различни области.

Уште на 16 години ги имал положено медицинските испити и бил доктор во „AIIMS“, врвен медицински институт во Индија. За време на посетата на едно село во 2011 година, тој добил целосна слика за сиромаштија во малите градови и села на Индија. Тогаш одлучил дека им е потребна помош и може да го стори тоа со тоа што ќе им се обрати директно.

Неговата веб-страница има околу 400 видеа кои во моментов и има повеќе од милион претплатници на YouTube. Тоа е огромен број според сите стандарди, особено за едукативен канал. Обезбедува голем број информации за студенти кои не можат да ги поднесат трошоците за обука за испитите. Тој на својата веб-страница обезбедува сеопфатни материјали за студирање и обука преку Интернет.

Неговата страница ги опфаќа скоро сите главни теми што ги проучуваат студентите вклучувајќи историја, географија, политика, физика, уметност, животна средина, биологија и екологија.

Една од главните ограничувања за студентите е финансиската поддршка. Индиската влада гарантира бесплатно образование до одредено ниво на школување, додека трошоците се маргинални. Но, после тоа учениците се оставени сами на себе. Повеќето студенти се принудени да работат за да го надополнат семејниот приход дури и кога се на училиште.

Веб-страницата постојано се шири и добива финансиска поддршка од големи инвеститори. Неодамна тие собраа 50 милиони долари од повеќе инвеститори. Тие веќе собраа вкупно 88,6 милиони американски долари досега. Други врвни наставници ја користат „Unacademy“ како главен извор на материјал за учење на студентите. Успехот на неговиот модел привлече студенти од оддалечените градови и села на Индија, иако тие живеат со лоша интернет услуга во оддалечените региони на земјата. Неговиот курс е сеопфатен и го води студентот од почеток до крај. Во моментов има 13 милиони регистрирани ученици и 10.000 регистрирани наставници кои секојдневно одржуваат над 600 часови во живо.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous Кога дознал дека боледува од тешка болест светот му се срушил: Жељко Самарџиќ проговори за здравствената состојба
Next Цеца објави невидена фотографија од детството (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *