СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20. АВГУСТ 2019 ГОДИНА


Овенот може да очекува решавање на финансиските проблеми, на Бикот му е неопходен одмор, Стрелецот може да се радува на деловните успеси, Рибите се напнати.

ОВЕН

Може да очекувате позитивен резултат во решавањето на финансиските проблеми. Нова можност за заработка е пред вас. Ќе се појави можност за почеток на нова врска со личност која ја познавате од минатото. Чувајте се во сообраќајот.

БИК

Не е вистински момент за важни деловни одлуки. Потрудете се денес да ги одложите сите важни случувања. Иако мислите дека вашиот партнер ќе се прилагоди кон вас, големи се шансите да грешите. Не очекувајте сега многу. Потребна ви е релаксација.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе добиете важна задача на деловно поле. На некој начин сега ја докажувате својата посветеност на работа. Можно е да имате можност да остварите познанство со личност која ќе ве освои. Избегнувајте цигари.

РАК

Ако се занимавате со приватен бизнис, ќе имате некои помали проблеми и компликации денес. Загрижени сте и не се чусвтвувате добро покрај партнерот. Интуицијата ви говори дека постојат некои работи кои ги крие од вас. Поволен период за слабеење.

ЛАВ

Иако денес ве очекува тежок ден, кога ќе ги завршите обврските ќе се почувствувате добро бидејќи сте постигнале многу. Чувствителни сте и лесно избувнувате, па брзоплето влегувате во конфликт со саканата личност. Препорака е повеќе да одмарате.

ДЕВИЦА

Ќе ви се појават помали препреки на деловно поле, но со доволно волја ќе успеете да ги надминете. Ако ги покажете своите симпатии ќе успеете да ја освоите саканата личност. Можна е несоница.

ВАГА

Успехот кој сакате да го постигнете ќе дојде по напорната работа. Може да очекувате поволен ден за флерт. Можно е интересно познанство. Не се нагласени проблеми.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат убави вести и некои олеснителни околности на поле на работата. Пред вас е поволен период. Вашиот однос со саканата личност е променлив. Малку се карате, малку се сакате, но сѐ е тоа за луѓе. Би ви годела масажа.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за работа. Ќе успеете да ги остварите своите цели и планови. Не би требало да имате стрес. Можно е да запознаете личност која отворено ќе ги покаже своите симпатии кон вас. Немате проблем со здравјето.

ЈАРЕЦ

Конечно доаѓаат подобри денови на деловно поле. Ќе добиете помош и поддршка од страна на некои важни личности. Немате проблеми со партнерот. Вашиот однос е искрен и знаете точно на што сте. Имате сосема доволно енергија.

ВОДОЛИЈА

Се потпирате на својата интуиција која не ве издала. Ве очекуваат добри деловни промени. Саканата личност сака да покаже дека е подготвена да менува некои работи кај себе за да наредува вашата врска. Кожни проблеми.

РИБИ

Ве очекува доста работа денес. Ќе бидете многу напнати и нема да ви биде лесно добро да се организирате. Можно е интересно познанство кое води кон врска. Подготвени сте за нови љубовни случувања и се радувате на тоа. Добро се чувствувате.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous Сопругата на Бали Бег драстично се здебели по породувањето (видео)
Next „Бог на сите ни дава мисија“: Елена Ристеска со јасен поглед и пат до своето богатство и духовна храна!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *