НАУКАТА ПОТВРДУВА – НА ОВАА ВОЗРАСТ ПОЧНУВАМЕ ДА ЛИЧИМЕ НА НАШИТЕ МАЈКИ


Не е важно како изгледаат вашите односи во моментов. Дали сте во долгогодишно несогласување, имате различни перспективи за животот или различни интереси – гените и искуствата од детството едноставно ќе се манифестираат. Новите истражувања ви го откриваат моментот кога најчесто започнува овој процес.

Вкупно 2000 луѓе учествувале во една студија во Велика Британија. Учесниците одговорале на низа прашања насочени кон откривање на моментот на прекинување на бунтот против нивните мајки. Кај жените, првите промени се случуваат во просек на 33-годишна возраст, додека кај мажите една година подоцна.

 

Што точно значи тоа?

Студијата открила дека учесниците започнале да гледаат, меѓу другото, исти ТВ програми, да имаат исто хоби и да користат исти изрази. Според авторите на студијата, важен фактор што обично го забрзува процесот на трансформација е кога станувате родители. Промените стануваат уште побрзи кога ќе ги приметите првите знаци на стареење:

Почнувате да се чувствувате како вашите родители кога ќе почнете да изгледате исто како нив. Иако многу луѓе сакаат да го одложат овој процес што е можно покасно, сепак тоа е неопходен дел од животот. Исто така, се јавува и феноменот на физичка сличност со родителите – кај жените тоа се случува во просек околу 37 година, а кај мажите околу 43 година.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous За што најчесто се расправаат паровите пред да раскинат?
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16. АВГУСТ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *