Рекорден пад на продажбата на пиво во Германија


Продажбата на пиво во Германија падна на 4,6 милијарди литри во првата половина од годинава, што е рекордна бројка, соопшти денес Федералниот завод за статистика.

Производителите на пиво веруваат дека падот на продажбата од 2,7 проценти во однос на истиот период минатата година е резултат на постудените температури во мај и зголемената продажба лани во јуни на почетокот на Светското фудбалско првенство.

Пивата помешани со освежителни пијалаци, кои сочинуваат пет проценти од вкупната продажба, забележалуваат помал пад од 1,5 процент. Сè попопуларните пива без алкохол не се вклучени во статистиката.

Извор: centar.mk

loading...
Previous Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ тешко болен: Соседите собирале пари за да му помогнат
Next Ви „игра“ ли окото понекогаш? Еве што значи тоа

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *