Знаци дека дефинитивно сте ја пронашле совршената љубов


Се поврзувате без напор

Можеби сте се запознале преку заеднички пријатели. Можеби случајно сте налетале еден на друг. Можеби заедно сте седеле во кафана. Во секој случај, во моментот кога конечно сте се поздравиле и сте започнале муабет, хемијата била неверојатна.

Се создала длабока и интензивна поврзаност низ разговор и говор на тело. Кај некои парови, ова чувство избледува со текот на времето, но со вашата сродна душа, тоа чувство станува сѐ посилно и поинтензивно.

Нивото на комуникација е беспрекорно

Успехот на секоја долготрајна врска може да се препише на способноста за комуникација. Се работи за реална комуникација во која ништо не е скриено и е лишена од лаги. Ова ве прави отворени и ранливи пред вашите партнери. Понекогаш ова се вежба, но сѐ оди полесно со сродната душа. Важно е сродните души да ги изразуваат своите потреби и да знаат дека комуникацијата има различни облици.

Извор: exclusive.mk

loading...
Previous Секој трет жител е милионер: Оваа европска земја е вистински рај
Next БЕЗ НИКАКВИ ПОСЕБНИ ДИЕТИ: ЗДРАВ И ЕДНОСТАВЕН НАЧИН ДА ДОБИЕТЕ РАМЕН СТОМАК

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *