ДАМИ, ЧЕКАЈТЕ ГО ОНОЈ КОЈ ЌЕ ВИ ГО БАКНУВА ЧЕЛОТО!


Верувај ми, тој постои.

Не се задоволувај со просечното. Не се лажи себеси дека ОК значи супер. Ти го заслужуваш најдоброто. Чекај го „најдоброто“. Чекај го вистинскиот, оној кој ќе го промени твојот живот.

Чекај го човекот кој ќе те сака на вистински начин. Оној кој ќе оди позади тебе, не пред тебе. Човекот кој ќе ја земе твојата рака и ќе ја држи така што ќе се чувствуваш сигурна и сакана. Човекот кој најпрво ќе ја бакне твојата рака или чело, а потоа усните.

Чекај го човекот кој ќе има очи само за тебе. Оној кој ќе те гледа со љубов во очите и нема да може да престане да се смее додека е со тебе. Чекај го тој посебен поглед. Ќе вреди. Чекај го оној поради кој постојано ќе бидеш насмеана. Оној кој е најсреќен кога гледа дека си среќна.

Чекај го човекот кој ќе направи да се чувствуваш удобно во неудобни ситуации. Оној кој те разбира и со кого не се потребни зборови за да комуницирате бидејќи вие сте сродни души и секогаш знаете еден за друг што мислите и што чувствувате.

Чекај го човекот со кого си 100% своја. Без изговори. Без резерва. Без маски. Чекај го човекот кој го посакува секој момент со тебе и го прави посебен. Оној кој го прави дури и пазарувањето забавно.

Оној кој навистина те разбира. Оној кој верува во тебе. Оној со кого напредуваш. Оној кој е свесен колку сте среќни затоа што сте заедно. Чекај го. Тој постои и те чека тебе.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous Видеа од гоствувањето на Леа од Дома Со Леа во ТВ Сител
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15. ЈУЛИ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *