ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ОД НАЈПОПУЛАРНИОТ МАКЕДОНСКИ ОНЛАЈН АСТРОЛОГ!


Многумина во секојдневието отвораат хороскоп и ги читаат предвидувањата на астролозите за тековниот ден, месец, година. Еден астролог го привлекува вниманието со своите фејсбук објави за поставеноста на ѕведите, планетите и како тие влијаат на нас.

Кај здравите врски, партнерите не чекаат посебна прилика да ја покажат својата благодарност, љубов и наклонетост, туку искрено уживаат во правењето убави работи еден за друг без посебна причина.

Ова се некои од работите кои редовно ги прават:

Активно комуницираат

Што значи тоа? Имено, луѓето кои се во среќни и успешни односи навистина слушаат што им велат нивните партнери. Тие слушаат што сакаат, што не сакаат, но ги слушаат и оние навидум неважни работи што другата страна ги кажува. Покрај тоа, тие знаат дека без двоумење може да го повикаат партнерот во секое време од денот или ноќта.

Повици од типот,”јас само што си дојдов” или “дали ти треба нешто од продавница” и пораки од типот: “само што мислев на тебе” или “ми се случи нешто смешно” имаат ист разултат: чувство на поврзаност, чувство дека сте клучен дел од нечиј живот, објаснува брачниот и семејниот терапевт Винифред М. Реј.

Даваат комплименти

Не мора да биде љубезен комплимент дека сте најдобра жена на светот, но дури и случајниот коментар кој признава нечиј придонес, како “убава вечера”, има големо значење за врската, објаснува Саманта Родман, психолог и експерт за комуникации.

Не ги кријат емоциите

Кога еден од партнерите чувствува дека треба да “извлекува” мисли и емоции од парнерот таквата врска може да биде многу отуѓена, вели Саманта Родман, според која отворена дискусија за неговите и сопствени емоции и мисли е клуч за среќна врска.

Не го забораваат “те сакам”

Среќните двојки го прават тоа без размислување, без никаква посебна причина, кога воопшто не се очекува. Во многу врски, “те сакам” повеќе се изговара од страна на едниот партнер. Обично едниот води, а другиот следи. Чест изговор е “не сакам тие зборови да ги користам пречесто”

Во среќните врски двајцата партнери го иницираат ова, велат и навистина мислат кога го изговараат, објасни Курт Смит, брачен терапевт.

Извор: srekja.mk

loading...
Previous Откријте ги малите тајни на големите љубови
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13. ЈУНИ 2019 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *