Ако имате ваков мобилен телефон нема да можете да користите Фејсбук


Компанијата Фејсбук потврди дека нивната апликација нема да ја прединсталира на новите апарати на Хуавеј.

Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции, воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеј и натаму ќе можат без проблеми да ги користат апликациите на Фејсбук и на другите социјални мрежи.

Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив.

Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании, што предизвика домино ефект на целиот сектор.

Извор: курир.мк

loading...
Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13. ЈУНИ 2019 ГОДИНА
Next Сите дознаа дека Кили стана дедо, ама ретко кој знае кој прв ги проба мекиците: Во прегратка со власта или старо пријателство? (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *