После 18 години, ФК Борец повторно прволигаш


Фокусирани сме кон следната година, новата сезона, за Прва лига. Цел е клубот да биде стабилен прволигаш а потоа и за повеќе- изјави Анѓушев

Со победата над екипата на ФК Брегалница 2008 од Штип, со 2:0 (0:0), велешки ФК Борец 1919  е нов шампион во Втората лига Исток. Со тоа, две кола пред крајот велешани се враќаат во Првата лига, после 18 години пауза, откако во 2001-та клубот излезе од елитата.

Отпорот на противникот беше скршен со голот на Симеон Христов во 64-ата минута а победата заверена со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев во судиското продолжение, во 92-ра минута.

Така по 25 кола ФК Борец е прв со 63 бода, недостижни девет пред вториот ФК Тиквеш. Во следното, претпоследно коло Борец гостува на трето пласираниот ФК Кожуф во Гевгелија а во последното коло, на Градски го пречекува ФК Тиквеш од Кавадарци.

Разбирлива беше радоста по победата и пласманот во Првата лига, и на фудбалерите, управата, навивачите и гледачите.  Претседателот и сопственик на ФК Борец, Кочо Анѓушев ја сподели радоста со фудбалерите.

Цела сезона екипата покажа добра игра и резултати и на две кола пред крајот е јасно дека Борец е прволигаш. Фокусирани сме кон следната година, новата сезона, за Прва лига. Цел е клубот да биде стабилен прволигаш а потоа и за повеќе, за излез во Европа -изјави за ТрМр Кочо Анѓушев.

Извор: tirekovmirece.com

loading...
Previous СРЕЌАТА ПОСЛЕ СЕКС ТРАЕ 2 ДЕНА?
Next Елена Велевска не можеше да молчи по шпекулациите за новото момче од Америка – еве ја реакцијата

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *