ЗДРАВЈЕЛАЈФСТАЈЛРЕЦЕПТИ

Ако сакате да бидете убави и здрави – јадете маслинки!

Маслинките се богати со железо, калциум, влакна, бакар, витамин К, витамин Е и натриум. Ако сакате да бидете убави и здрави – јадете маслинки.

Еве што се случува во вашето тело кога јадете маслинки:

Го штитат срцето

Главната масна киселина во маслинките е олеинската киселина. Откриено е дека оваа здрава маст го подобрува здравјето на срцето, го регулира нивото на холестерол и го штити лошиот холестерол од оксидација.

Неколку студии, вклучувајќи ги и овие направени во Шпанија и Италија, прегледале 140.000 учесници кои консумирале маслиново масло и тие имале значително помал ризик од мозочен удар од оние кои не јаделе. Маслиновото масло не е исто што и маслинките, тоа е исто така здрава маст со истите здрави благодети.

Го јакнат имуниот систем

Маслинките содржат антиоксиданси, особено полифенол познат како олеуропеин кој може да го добиете само од билки. Оваа моќна хемикалија го штити телото од штетни слободни радикали кои предизвикуваат вирусни инфекции, па и болести.

Заштита од некои типови рак

Поради способноста да го поттикнат имуниот систем исто така имаат и моќ да ги заштитат клетките од рак.

Подобрување на плодноста

Антиоксидансите имаат способност да ги деактивираат слободните радикали во телото кои играат голема улога во оштетувањето на сперматозоидите и јајце клетките, што може да доведе до неплодност. Едно истражување покажа дека консумирањето 75 грама храна богата со антиоксиданси на ден (во случајов ореви) го подобрил квалитетот на спермата.

Други придобивки од маслинките се подобрување на вашето паметење (маслинките имаат позитивно влијание на мозочните функции и психијатриските нарушувања), како и намалување на појавата на брчки и одржување на здрава и мека кожа.

Извор: exclusive.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close