Миа Костова има рецепт за здравје, добар изглед и обично задоволство… по потреба! (ФОТО)


Миа Костова секој ден ја гледате на ТВ екраните во магазинот од зад сцената. А, секој лик од сцената си ја знае цената, па така и Миа обично многу добро знае како да си го наплати своето. Работата си е работа и таа се работи од љубов и за плата, ама она што покрај неа може да се „протне на мала врата“ е таканареченото инфлуенсерство или рекламирање на разни помалку или повеќе познати брендови преку својот профил на социјалните мрежи.

На Миа очигледно тоа повеќе од добро и лежи, па по примерот на некои постари и помлади колешки и Миа својот Инстаграм профил го полни со разни рекламни фотографии. Во зависност од фотката зависи и заработката,а  ама овој пат нема да зборувуме за тоа.

Она што особено паѓа в очи се нејзините текстуални пораки во вид на приказни или случки, а сторијата до фотографијата само ќе ја збогати понудата на инфлуенсерот, повеќе ќе го привлече оној што го следи, а со тоа рекламата двојно вреди!

Миа како необична девојка, обично знае што прави, затоа и некој од производите на последната реклама кои обично се за една намена, овој пат можат да бидат за двојна употреба.

Пожелно е да сте женско, а во денешно време и не мора, пожелно е да сте русокоса, а и тоа не мора, освен ако не сакате да изненадите некоја здрава и „плава“ пријателка со подарокот од Миа, зашто подарокот е навистина чудо.

Не се сомневаме во неговото дејство, напротив… Веројатно совршено си ја врши работата и функцијата. Прашање е само изборот на употребата? Како козметички препарат или…? Чисто заради обликот и формата!
Ама, како и да го употребат, оние што ќе го употребат, веруваме дека ќе бидат задовол(е)ни!

Како што веруваме дека Миа има право кога вели: „Колекцијава е чудо за вас“, зарем не?

 

Извор: vistina.com.mk

loading...
Previous Анџелина Џоли го отстрани името на Бред Пит!
Next Едноставен трик со кој ќе ги отстраните гребнатините од вашиот телефон

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *