Истражување: Интелигентните луѓе се многу посклонина овој порок на!


Научниците успеале да најдат поврзаност меѓу најразлични појави, па неодамна решиле да откријат и дали интелигенцијата мое да влијае на склоноста кон пороци. Студијата спроведена во Лондон ги следела животите на неколку илјади возрасни мажи и жени, со цел да откријат дали и во овие области има поврзаност. Резултатите биле позитивни, и тие заклучиле дека интелигентните луѓе многу почесто консумирале алкохол во периодот од 20 до 40 години.

Истражувањето покажало дека поинтелигентните луѓе во возрасната доба пиеле алкохол скоро дупло почесто, за разлика од нивните врсници со просечна и пониска интелигенција, како и дека за време на адолесценцијата, потпросечно интелигентните скоро никогаш не пиеле, додека пак натпросечно интелигентните се опивале барем еднаш месечно.

Научниците исто така ги поделиле испитаниците и на полови, притоа откривајќи дека жените со повисоко образование имале 71% повеќе шанси да консумираат алкохол, додека пак кај мажите со повисоко образование овој процент изнесувал 49%.

Изгледа дека високата интелигенција води кон „желба“ за алкохол, но не дозволувајте ова да ви биде изговор да го зголемите консумирањето. Иако е знак за висока интелигенција, тој исто така е и многу штетен за вас, како за вашето физичко, така и за вашето ментално здравје.

Извор: exclusive.mk

loading...
Previous Понеделничка дупла доза кофеин и стандардна доза астрологија, (15 Април, 2019)
Next Емина Јаховиќ направи драстична промена: Вака изгледа со новиот имиџ!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *