in

Што значи различната масленост кај млекото?

Дали знаете какви сѐ типови млеко се достапни на пазарот и дали свесно ја одбирате масленоста на млекото?

На полиците во маркетите може да се забележи млеко со различен процент на масленост: 3,2%, 2,8%, 0,9%, 1,5%, 3,5%. Изборот е голем, но што точно значи тој процент? Точното разбирање на изборот што се нуди и разликите помеѓу процентот на масленост, ќе ви помогне да одлучите и кое млеко е најсоодветно за вас и вашето семејство. Количината на млечна маст влијае врз бројот на калории и масти во млекото, меѓутоа сите типови млеко, независно дали се со ниска или висока масленост, се природно богати со хранливи материи и се категоризираат во здрава исхрана.

Што е млечна маст и како се редуцира?

Процентот на млечната маст се однесува всушност на количината на масти во млекото, според неговата тежината. Така, ако млекото е да речеме со 3,2% млечна маст, тоа значи дека вкупно 3,2% од содржината на млекото се масти. Таа содржина на масти, особено на кравјо млеко, се модифицира со цел да се направат различни производи.

Но, како точно се менува содржината на маснотиите? Некои мислат дека млекото се разредува со вода, но тоа апсолутно не е точно. Всушност, тоа е процес во производството кога сите маснотии од млекото се отстрануваат, а потоа се додаваат во млекото во различни проценти.

Различни проценти на масленост*

Констатиравме дека главната разлика се состои во тоа колку маснотии содржи млекото. На пазарот најчесто сретнуваме:

3,2% – Доколку сте загрижени во врска со калориите или поголемата млечна маст, имаме добри вести за вас: експертите се согласуваат дека млекото игра важна улога во здравата исхрана, и тоа во севкупниот контекст на исхраната, внесот на хранливи материи и калории. Тоа содржи 3,2 г. белковини, 4,6 г. јаглени хидрати и 60 калории во 100 г.

2,8% – Доколку преферирате помалку маслено млеко, но сепак сте љубители на богатиот вкус, препорачуваме млеко со редуцирана млечна маст, во чија вкупна тежина се содржани 2,8% масленост. Содржи 3,1 г. белковини, 4,7 г. јаглени хидрати и 56,4 калории во 100 г.

0,9% – некои го нарекуваат и “light” или нискомаслено млеко кое е редуцирано на само 0,9% млечна маст. Најголемата разлика е во однос на калориите, па така ова млеко е за лица кои преферираат полесен режим на исхрана. Но, не заборавајте: и тоа ги содржи истите есенцијални хранливи вредности како и сите млека и 3,3 г. белковини, 4,4 г. јаглени хидрати и 38,9 калории во 100 г. И не: не е разредено со вода.

Нови производи на пазарот, за нови вкусови!

Од неодамна на пазарот сретнуваме и два нови типа на млеко, односно со 3,5% на масленост и со 1,5% на масленост од производителот Бимилк.

Битолско млеко 3,5%, со малку поголема масленост од стандардното, е направено за сите оние кои уживаат во препознатливиот вкус и богат состав од хранливи состојки и ги задоволува и најпребирливите љубители на млекото. Содржи 3,2 г. белковини, 4,5г. јаглени хидрати и 62,3 калории во 100 г.

Битолско млеко 1,5% е со намалена масленост и претставува одличен баланс помеѓу внесот на сите хранливи состојки од млекото, кои се во целост задржани, и намалениот внес на масти. Содржи 3,2 г. белковини, 4,5 г. јаглени хидрати и 44,3 калории во 100 г.

Извор: exclusive.mk

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

ДОМА СО ЛЕА: Поскапо време и поквалитетен живот

„Паркирај го автомобилот, многу блескаш“: Возач на златно порше исклучен од сообраќајот!