in , ,

Каде се и што прават сега: Ламбе обезбедување на аердром, Ноне на брод, Маја Вуќичевиќ и Татјана…

Македонскиот народ со години наназад веќе, со желба за подобра егзистенција и живот, среќата ја бара надвор од нашата земја, а исклучок во тоа не се ниту нашите естрадни ликови, кои иако оставија голем печат во македонската музика, на крајот се решија да заминат од тука иако тоа би значело да се откажат и од музиката.

Некогашната музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски кој во минатото важеше за вистински заводник кај понежниот пол веќе неколку години не живее во Македонија, но не се занимава и со музика.

Ламбе Алабаковски, македонскиот пејач денес живее во Америка, а наместо да се дружи со микрофонот, се занимава со друга професија и е обезбедување на Аеродром.

Вукичевиќ пред неколку години комплетно се повлече од музичката сцена. Во меѓувреме се посвети на нејзината прва љубов – новинарството и неколку месеци беше дел од тимот на едно домашно списание.

Маја има син, Гораст,кој лани дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, а во тој период таа со емотивен статус раскажа лична приказна.

Ноне пак веќе години наназад работи на брод. Знаеме сите дека оваа работа не е воопшто лесна бидејќи понекогаш со месеци не се стапнува на копно и постојано сте во движење, но по се изгледа дека на нашата поранешна пејачка тоа и одговара и одлично се снаоѓа со новата професија.

Татјана Лазаревска од 2015 година се пресели во Австралија и таму го најде својот втор дом. Таа сеуште не заборавила на музиката, па кога и да има време за да се врати во родната земја, не изостанува и некоја свирка, настап или можеби само пријателска дружба со колегите од естрадата исполнета со многу музика.

Извор: вечер.мк

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Преполна со витамини, лекува рани и го јакне имунитетот: Оваа билка е една од најдобрите домашни растенија!

Јелена Томашевиќ заради него беше во солзи до крајот на концертот!