Најбогатиот човек на светот ја открива формулата за успех


Основачот на Амазон, Џеф Безос е најбогатиот човек на светот и еден од најуспешните луѓе, според листата на Форбс.

Успешните луѓе не ги карактеризира само една особина, но Безос во разговор за книгата “Think like Amazon“ откри дека најважно е да се биде несфатен.

Во своето подрачје научив дека треба да се биде инвентивен и пионер вклучувајќи и ризик долго време да не бидете сфатени. Кога воведовме рецензии од корисниците на почетокот ми велеа дека незнам како се води бизнис.

Како и тоа дека заработувачката доаѓа од продажба на предмети, а не објавување на негативни коментари. На писмото одговорив дека ние заработуваме со продажба на предмети но исто и заработуваме со тоа што им помагаме на купувачите да донесат одлука за купување- изјави Безос.

Безос бил во право, тоа се покажа кога Амазон продаваше уште повеќе поради рецензиите на производите. Позитивните и негативните коментари им помогнаа на потрошувачите да се решат каков производ да купат.

Секогаш треба да бидете подготвени на критики, но на вас останува да решите дали ќе им верувате – додаде Бесоз.

Извор: real1fans.com

loading...
Previous Анастасија Ражнатовиќ објави „жешки“ кадри од својот нов спот (ФОТО)
Next Во Велес на малтретирано куче му се отсечени ушите

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *