Најстарата жена во светот има 116 години: Јапонката ја откри тајната за долговечноста!


Јапонка има 116 години и таа беше прогласена за најстарата личност во светот. Странските медиуми пишуваат дека тоа се случило на церемонијата во старскиот до во кој живее, со присуство на семејството и градоначалникот на градот.

Танака е родена на втори јануари 1903 година како седмо од осум деца во семејството. Се омажила во 1922 година со кој имала четири деца и едно посвоила.

Медиумите пишуваат дека таа станува пред 6 часот наутро и сака да се занимава со математика. Пред неа, најстара личност на светот, исто така, беше Јапонка, Чијо Мијако, стара 117 години.

Јапонците се познати по долговечноста и доминираат на листата на најстари личности во светот, потсетува агенцијата и додава дека промената во начинот на исхрана донела до пораст на бројот на годините.

 

Извор: real1fans.com

 

loading...
Previous Рецепт за тесто кое може да го замрзнете и да го користите неколку дена!
Next Детали од тестаментот на Дивна: Еве што ќе добие Карлеуша!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *