Денес е национален Ден на пицата: Занимливости околу вашето омилено јадење


Националниот ден на пицата се одбележува на 9 февруари секоја година. Иако не е познато кој го воведол овој празник, се повеќе луѓе го користат овој датум како повод да се почастат со нивното омилено јадење. Се верува дека пицата настанала во подрачње околу медитеранот, кога старите Грци, Римјани, Египќани често јаделе тенко печено тесто на кое ставале лук, масло и зачини.

Подоцна во Италија, тенкото тесто се користело да се провери температурата во рерните и печките. За да не се фрла ова печено тесто, го делеле на сиромашните кои на тестото го ставале остатокот од ручекот, најчесто зеленчук и зачини. Баш затоа и Италија се смета за колевката на модерната пица, иако на почетокот ја јаделе само сиромашните слоеви од опстеството. Денес пицата е едно од најомилените јадења ширум светот, а италијанската се разбира дека е најпозната.

Извор: exclusive.mk

loading...
Previous ФОТО: Комични и чудни Руски слики
Next Дали може да изгубите тежина само со пешачење?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *