in ,

Се огласи хирургот што ја оперираше водителката: Откинатата рака на Деа ќе биде повторно во функција и нормално ќе може да ја користи (ФОТО)

Веднаш по операцијата српските медиуми го побарале на телефон хирургот кој ја извршил тешката операција за враќање на откинатата рака.

Д-р Марко Бумбаширевиќ, најпознатиот микрохирург опишува  како поминала операцијата на водителката Деа Ѓурѓевиќ, на која автобус вчера изутрина и ја откина раката во сообраќајна несреќа. Докторот звучел среќно и задоволно  што оваа тешка операција успеал да мине успешно.

„Јас сум мртов уморен, крвав, испотен, а дури и немаше време да се пресоблечам. Одлична ја споивме откинатата рака. Се разбира, се’ уште ќе треба да се следи, но  очекуваме  да биде во можност сосема нормално да ја користи“ – изјавил хирургот за српски Курир веднаш по операцијата.

„Се работеше за сосема откината рака од лактот кон рамото… Покрај тоа што беше откината,  раката беше и изгорена. Сепак, успеавме да ја спасиме, да и ја сочуваме и зашиеме и тоа многу успешено“ – додал докторот.

Кога го прашале колку многу такви операции извршил до сега, основачот на микрохирургија во Србија, д-р Бумбаширевиќ само се насмеал:

“Оооо, не можам ни да се сетам, ги има толку многу. Веројатно сум ги направил доволно, штом ме избраа за  претседател на Европската асоцијација за микрохирургија“ – одговорил тој со насмевка.

Операцијата, заедно со проф. Бумбаширевиќ ја извеле и првиот помошник Чедомир Вучетиќ, асистентот Палибрик, д-р  Александра Петровиќ и д-р Шарац од ВМА.

Фото: Курир/Инстаграм принтскрин

Извор: vistina.com.mk

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Антониа Гиговска покажа како ќе изгледа на матурско табло (фото)

Дневен Хороскоп Петок, (08 Февруари, 2019)