in , ,

Австралиец објави снимки и изјави дека е вонбрачен син на принцот Чарлс и Камила (ВИДЕО)

Австралиецот Симон Доранте-Деи тврди дека британскиот принц Чарлс и неговата сопруга, војвотката од Корнуол Камила, се негови вистински родители. Според него, принцезата Дијана знаела за неговото постоење, пишува Daily Express, цитиран од БТА.

52-годишниот човек вели дека тоа е плод на аферата меѓу престолонаследникот и тогаш неговата љубовница Камила. Симон Доранте-Деи верува дека бил зачнат кога Камила имала 18 години и Чарлс имал 17 години.

Австралиецот прво излезе со ова тврдење во 2016 година. Сега, во интервју за Нова идеа, тој рече дека има нови докази за неговото потекло, вклучувајќи ја и неговата тинејџерска фотографија. Симон Доранте-Деи, татко на девет деца, е роден на 5 април 1966 година, во близина на Портсмут. Тој беше усвоен на 18-годишна возраст од страна на Карен и Дејвид Деи.

“Бев многу близок со баба ми. Таа постојано ми  велеше дека сум дете на Чарлс и Камила“ – вели Симон Доранте-Деи за списанието. Австралиецот што живее во Квинсленд верува дека неговиот идентитет ќе бил откриен уште пред 22 години, ако не се случела трагичната смрт на принцезата Дијана.

Да ве потсетиме, лејди Ди  загина во мистериозна сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година.

“Во тоа време се ширеа секакви гласини околу кралското семејство, а моето постоење беше една од нив. Мислам дека Дијана беше стигнала до оној момент кога бараше одговори за животот, за работи кои и предизвикуваа неправда и беше подготвена да ги открие јавно“ – вели Симон Доранте-Деи.

За својата фотографија споделена на Фејсбук како тинејџер,  Австралиецот вели: “Некои коментираат дека коскената структура на лицето ми е иста како на нејзиното височество. Не ми недостасува и фризура во стилот на Камила”. Еден коментар наведува: “Вилијам личи малку на тебе, на оваа возраст”.

Сопругата на Симон Доранте-Деи, Елвијана, исто така, верува во неговата крвна врскасо кралското семејство.

Од официјалната резиденција на принцот Чарлс, Кларенс Хаус одбија да коментираат.

Извор: exclusive.mk

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

ЈАПОНСКИ ЕЛИКСИР КОЈ ГИ ПОДМЛАДУВА ЖЕНИТЕ ЗА 10 ГОДИНИ: Рецепт кој се чува како богатство!

Тешко повредената водителка излегла од операционата сала: Лекарите успеале да и ја спасат раката на Деа Ѓурѓевиќ (ФОТО)