Пит бул спасил бебе од стан што горел: Со забите ја влечел за пелената!


Имено, сопственичката на кучето, Нану, нејзиното осум месечно бебе ја разбудило околу 23. часот. Саша скокала по влезната врата, обидувајќи се да ја предупреди сопственичката и нејзината ќерка, на огинот кој се ширел со неверојатна брзина.

„Видов како во забите носи пелена. За тоа време пожарот веќе го уништи домот на нашите соседи, а Саша лаеше се’ посилно. Ниту на крај на памет не ми беше дека се обидува да не предупреди на пожарот“, раскажала Нану за Fox40.

Нана станала од креветот да провери што се случува. Дури тогаш видела дека гори кај соседите па панично тргнала кон спалната соба во која била нејзината ќерка стара само осум месеци. Кога влегла во собата имала што да види. Саша веќе го спасувало девојчето така што ја извлекувала од креветчето држејќи ја за пелената.

„Благодарение на Саша на време излеговме од станот и повикавме 911. Ги разбудивме и останатите луѓе кои во тој момент се наоѓаа во зградата. На Саша и го должам мојот живот и животот на моето дете. Таа е нашата хероина. Без неа веројатно не би се извлекле“, раскажала Нана.

Станот потполно изгорел. Пожарникарите пристигнале брзо и усепале во реалтивно кус рок да го изгаснат огинот, па пожарот не ја уништил цела зграда. Но, станот на Саша и нејзините сопственици во пожарот бил потполно уништен, заедно со работите кои ги поседувале

Извор: exclusive.mk

loading...
Previous Хороскопски знаци на кои им е судено да бидат заедно: Дознајте кој е вашиот!
Next На Карлеуша драстично и’ скокна цената: За пет часа пеење ќе заработи дури 40.000 евра!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *