Дневна доза на Хороскоп(16 Јануари, 2019)


ОВЕН

Работa: Ако работите приватна работа, тогаш околностите се многу променливи, и не сте задоволни поради тоа.

Љубов: Во текот на денешниот ден може да разрешите некои важни прашања со саканата личност.

Здравје: Чувствителна бешика.

БИК

Работа: Почекајте од висински агол да ги анализирате околностите во кои се наоѓате за да можете да остварите напредок во работата.

Љубов: Саканата личност покажала дека е подготвена максимално да ви се посвети.

Здравје: Респираторни инфекции.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Доколку денеска се впуштите во ризични работи, подоцна би можеле да имате поголеми проблеми.

Љубов: Можно е да водите тешка битка со осаменоста и да ви недостасува љубов.

Здравје: Добро.

РАК

Работа: Препорака е денеска да се занимавате со хартии затоа што некои работи по ова прашање полесно ќе ги завршите.

Љубов: Денешниот ден не ви е претерано поволен за нова врска.

Здравје: Одморајте, здравјето не ви е сјајно.

ЛАВ

Работа: Можно е да прифатите шанса која ви се укажува за покренување на нова соработка на работа. Подготвени сте за важни промени.

Љубов: Ве очекува период во кој ќе се трудите да ги решите проблемите во бракот.

Здравје: Водете сметка за забите.

ДЕВИЦА

Работа: Патувањето кое го планирате ќе ви се исплати. Може да очекувате дека ќе остварите позитивни работни промени.

Љубов: Уживате во необврзувачки познанства кои ве забавуваат.

Здравје: Одлично.

ВАГА

Работа: Имате стабилизација на полето финансии и можете да очекувате генерално добра позитивна ситуација на работа.

Љубов: Можно е денеска да влезете во емотивна врска која би можела да потрае на долги патеки.

Здравје: Внимавајте на уринарниот тракт.

СКОРПИЈА

Работа: Ве очекува склопување на нов договор кој ќе биде од големо значење за вашето работно поле.

Љубов: Доколку сте планирале брак, може да очекувате дека саканата личност има исти намери и желби за иднината како и вие.

Здравје: Чувствителна кожа.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Многу ви е важно да се покажете во најдобро светло затоа што сте на самиот почеток на една важна работа.

Љубов: Можно е да сакате емотивни промени, но и натаму нема нова љубов на видик.

Здравје: Пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Работа: Очекувајте многу опуштен ден, без било какви оптоварувања. Работното поле сега не ви е приоритет.

Љубов: Разговор со личност која ви се допаѓа, може постепено да ве однесе кон врска.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, пред вас е поволен ден. Финансиската ситуација ви оди на подобро.

Љубов: Доколку сте во брак, убаво ви е кога сте со партнерот. Сте ги решиле конфликтите.

Здравје: Стомакот ви е чувствителен.

РИБИ

Работа: Денешниот ден ви носи многу позитивна енергија, па сте подготвени повеќе да се посветите на вашата работа.

Љубов: Можете да очекувате многу интересен ден ако сте слободни. Ќе ви се укаже прилика за флерт.

Здравје: Избегнувајте цигари.

Извор: exclusive.mk

Слушнете го моjот нов МИКС, уживајте:

loading...
Previous ФОТО: Најдобрите свадбени фотографии од 2018 година кои се објавени и се смешни и емотивни – Дел 3
Next Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *