АНАЛИЗА: Кога капитенот „диригира“, Македонија игра по ноти


Првата мисија е исполнета, на двете средби со селекциите од Азија беа забележани две победи, и двете сосема рутински, со чување на дел од силите за предизвиците што допрва ќе следат. Јасно беше дека Бахреин ќе игра многу побавно од Јапонците, но и со далеку поцврста одбрана против која пивотите нема да се разиграат, но „ел команданте“ и за тоа најде лек, па победата беше онака како што посакувавме – без многу мака и нервози во второто полувреме, обезбедувајќи дури и комоција најдобрите да бидат повлечени на клупата, а на терен да влезат оние помлади ракометари.

„Диригентот“ Кире Лазаров

Капитенот беше незапирлив за голманите на Бахреин, постигнувајќи осум погодоци со само две промашувања. А кога ривалите ќе тргнеа нешто понапред за да го запрат да влезе во скок-шут, тогаш следеа експресни додавања за зицер кон пивот или крило.

Факт е, кога капитенот ќе влезе во ритам за да диригира со Македонија, нашата репрезентација игра по ноти. Сепак, и нему му е јасно дека ова беа противници под нашето ниво, а вистинските предизвици почнуваат од денеска.

Столе – столб на одбраната

Стојанче Стоилов не постигна ниту еден погодок на вчерашниот натпревар, но тоа беше само уште еден доказ дека значењето на големиот борец за оваа репрезентација не може да се измери само со една бројка, колку пати ја затресол противничката мрежа.

Не станува збор само за изнудените пенали и исклучувања, туку пред се за извонредната партија во одбраната, дел во кој Стоилов беше брилијантен против Бахреин. Во ситуација во која и во дефанзивната зона имаме промени во ростерот, Столе Стоилов делува најстабилно. Храброста и борбеноста отсекогаш му биле заштитен знак, па Стоилов неслучајно е главна алка на македонскиот национален тим и на овој Мундијал.

И младите на „големата сцена“

Убаво беше чувството да се види на терен и „следната генерација“ македонски ракометари, како во последните петнаесетина минути чувствуваат на своја кожа што значи да се игра мундијалски натпревар. Ги има и нешто повозрасни (Чурлески има 27 години), но и оние кои до лани играа за младинската репрезентација, за кои ова искуство ќе биде драгоцено. Впрочем, тие се оние врз кои ќе падне товарот во иднината, па затоа секоја минута мината на терен сега е голем плус за предизвиците што ќе ги очекуваат во годините што следат.

Извор: ekipa.mk

loading...
Previous Вујовиќ за балканската пресметка: Македонија е тактички подобра од Хрватска, Червар прави грешки!
Next Синчето на Борко Ристовски на Светското првенство навива за Македонија, а најмногу за тато! (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *