Се е во наши раце: Триумф над Бахреин значи и билет за Келн!


Македонските ракометари во 14 часот ќе излезат на мегдан со Бахреин, во обид да стигнат до втората победа на СП 2019 што ќе им овозможи пат во Келн (првите три селекции од оваа група ќе играат во главната рунда, а четвртопласираните репрезентации токму во овој град ќе разигруваат за „Президент куп“). Јасно е дека фаворитската улога им припаѓа на нашите репрезентативци, но со оглед на фактот дека никогаш досега се немаат сретнато со денешниот ривал, нормално е што со голема доза на претпазливост се влегува во пресметката со азискиот вицешампион.

„Бахреин не ја гледа Македонија со исти очи како Шпанија, но ние покажавме едно друго светло, постигнавме 38 гола и игравме како што очекувавме. Можеби имавме мали проблеми во одбраната, но ќе се поправиме со Бахреин. Тие гледаат шанса во натпреварот против Македонија, но ние сме тука да им ги замрсиме сметките“ – изјави Жарко Пешевски, кој одигра одлично на премиерниот дуел со „самураите“.

Капитенот Кире Лазаров веднаш по дуелот со Јапонија предупреди дека нема место за еуфорија и преголема самоувереност пред мечот со Бахреин.

„Можеби моите соиграчи мислат дека ќе биде полесно, но јас не се согласувам. Бахреин беше подобар од Јапонија на последниот Куп на Азија, стигна до финалето каде одлично му парираше на Катар. Станува  збор за незгоден состав што игра квалитетен, цврст ракомет и верувам дека нема да ни биде лесно“ – предупреди Лазаров.

Извор: ekipa.mk

loading...
Previous Ова граничи со мистерија: Куче кое брише прашина, спушта ВЦ даска… (видео)
Next ОД МОЈ АГОЛ – Раде Стојановиќ: Секоја чест на Раул за ротациите, Македонија не била никогаш вака разиграна!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *