ОД МОЈ АГОЛ – Раде Стојановиќ: Секоја чест на Раул за ротациите, Македонија не била никогаш вака разиграна!


Впечатокот по првите два натпревари на нашата репрезентација на ова Светско превенство е дека играме добро во континуитет сите 60 минути, имаме брзина и цврстина како никогаш досега. И против репрезентацијата на Јапонија која многу трча и против Бахреин кој игра помалку „дива одбрана“, постигнуваме многу голови, даваме голови од брз центар, делуваме сигурно и тоа е одлично. Очигледно добро сме подготвени и треба да го искористиме моментот.

Мислам дека Борко е во добра форма, добро ги отвара натпреварите и тоа е уште еден момент што треба да се искористи. Од тактички аспект, треба малку поголемо внимание да се посвети на одбраната, посебно во средината. Се виде и по реакциите на Борко и по неколкуте лесни проигрувања што ги направија ракометарите на Бахреин на линијата, дека тука треба нешто да се корегира.

Што се однесува до нападот, Филип Талески и  Филип Кузмановски се малку потешки бекови и на почетокот тука не затвораа на шут, но добро функционираа проигрувањата до Столе на пикер.

На крилните позиции, Дејан Манасков денеска одигра перфектно. Големно свежување на десната страна е Мартин Поповски кој одигра сосема коректно триесетина минути и одлично ја искористи својата шанса.

За Кире не треба ни да се коментира нешто многу, игра стандардно и на негови години мислам дури и над очекувањата што е исто така многу важен момент за играта на македонската репрезентација.

По мое мислење клучниот момент на натпреварот беше на 8-8 кога после враќањето на Бахреин, македонската репрезентација направи нова серија и се одлепи на 12-8 и тука се прекрши играта. И тука се покажа таа сигурност и добра подготвеност. Нема падови, трчаме и играме добро во континуитет и имаме контрола на играта во сите 60 минути.

Освежување во тимот беше влегувањето на Филип Чурлевски што е исто така битно и направено во вистински момент. Секоја чест за Раул за ротациите во составот и посебно тоа што освен на Чурлевски, им даде шанса и на младите играчи како Танкоски, Серафимов и Крстески да ја почувствуваат играта, а во исто време и да ги одморат играчите од стартната постава. Знам колку е важно за секој играч да биде на терен, едно е да седиш на клупа, друго е кога си во игра. Мислам дека овие мундијалски минути ќе бидат многу важни за нивната понатамошна кариера. На крај навистина и не е толку битно дали разликата ќе биде осум, шест или пет гола, но и тоа како е битно за овие млади играчи да го почувствуваат теренот и да ги добиеме за иднина.

Од она што го видовме на овие два натпревари на СП, македонската репрезентација делува компактно, силно и подготвено и мислам дека не треба да се калкулира, туку да ја покажат силата на секој натпревар, па зошто да не и против Шпанија. Да не чекаме да ни биде решавачки последниот натпревар, како секогаш. Гледам една добра, стабилна репрезентација, добро подготвена. Тоа е одлично за Македонија.

Извор: ekipa.mk

loading...
Previous Се е во наши раце: Триумф над Бахреин значи и билет за Келн!
Next Бебе се обидува прв пат да каже „мама“ – Снимка од овој сладок момент

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *