ЗАГАДУВАЊЕТО Е ЧИСТО ЗЛАТО ЗА КОЗМЕТИЧКИТЕ КОМПАНИИ

Моментално главниот столб на козметичката индустрија е негата на кожа, каде посебно доминира категоријата „против-стареење“. Драмата што моментално се случува со загадувањето во градовите низ светот почнаа да и даваат снага на една досега речиси непостоечка категорија козметички производи „против загадување“.

СЗО одамна предупредува дека загадениот воздух е најголемиот здравствен ризик со кој се соочува човештвото. Она што е нешто поново е неодамнешен извештај од Еуромонитор за глобалниот пазар на козметика, во кој се вели дека козметичките компании ќе имаат ќар од градскиот смог.

„Како што се очекува глобално да продолжи да расте урбаната популација… потребата за нега на кожата која ќе заштитува од некој од најголемите проблеми поврзани со големите градови, загадувањето, е на пат да се рашири, и позитивно да придонесе кон обемот на продажба производите за нега на кожа,“ се објаснува во извештајот на Еуромонитор, во кој инвестирањето во оваа гранка се препорачува „како добра стратегија за капитализирање на пазарот за нега на кожа“.

Компании веќе работат на темава, па така Виши и Берминералс веќе имаат свои производи против загадување, а интерес има и од помали брендови како Дисворкс и Дранк елефант.

Не дека ова некого ќе спречи во купување на производите (кога ќе ги пуштат кампањите на најјако), меѓутоа нивната логика за сега е само 50% издржана, конкретно делот дека загадувањето и честичките се поврзани со прерано стареење на кожата, но не и делот околу тоа како овие производи ја заштитуваат кожата од загадениот воздух.

Пример описите на овие призводи се бескрајно општи и не кажуваат ништо, така за капките на Дранк елефант (D-Bronzi Anti-Pollution Sunshine Drops) се тврди дека користат мешавина на екстракти и антиоксиданси како одбрана од загадувањето. Производот на Диор, е опишан како „штит од загадувањето, а Урбан лајн на Нивеа е „нега за кожа специјално направена за град“ со цел да ги спречи ефектите на „урбаното загадување“.

„Не е јасно како производите направени за ’градска кожа’ се поразлични од други производи. Додека општо е прифатено дека производи кои содржат фактор за заштита од сонце го спречуваат оштетувањето на кожата од сонце, не постои една единствена состојка во производите против загадување која ќе ги означи како такви.

Всушност, голем број од овие производи со години содржеа исти состојки без да кажат ни збор околу загадувањето,“ пишува Сангита Синг-Курц во текстот за Кварц.

Пример за она што таа го зборува е “Dramatically Different Hydrating Jelly” на Клиник, кој годинава тивко беше ребрендиран во “Dramatically Different Hydrating Jelly Anti-Pollution”, иако нема никаква разлика во формулата на производот.

„Индустријата е многу добра во убедување луѓе дека пропуштаат нешто, или дека се ставаат себе си во опасност,“ објаснува за Гардијан експертот за нега на кожата, Каролин Хиронс.

Извор: off.net.mk

loading...
Previous ВИДЕО: Вештини кои се на крајна граница на реалното
Next Со што ќе се соочувате кога ќе почнете да живеете со Вашиот партнер?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *