Дознајте од каде потекнува традицијата – Mладоженецот да ја пренесува невестата преку праг!


Станува збор за еден од најраспространетите свадбени обичаи на светот. Младоженецот, пред невестата на денот на свадбата за прв пат да влезе во нивниот нов дом, својта избраничка ја пренесува преку прагот. Иако на повеќето луѓе овој обичај едноставно им е симпатичен, неговото потекло не е.

Уште многу древните цивилизации верувале дека секое домаќинство го опседнуваат зли духови кои непрестано коваат планови како да внесат несреќа и раздор во некој дом. Тоа можат да го направат единствено преку некој слаб – во телото и душата, но и преку некој чесен и чист.

Таков некој можело да биде само некое дете или недопрената и невина девојка која допрва влегува во домот.

За невестата да не ја внесе лошата енергија или да им овозможи навлегување на злите духови во некој дом, младоженецот ја пренесува преку прагот, за да спречи било какво мешање на злите сили во неговиот дом.

Извор: exclusive.mk

loading...
Previous Токму ова е причината зошто секој мобилен во Јапонија е водоотпорен!
Next Дознајте зошто е важно бадемите и лешниците да се ставаат во вода 1 час пред јадење!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *