Осуден тинејџерот кој го хакираше Apple


Австралискиот тинејџер кој украде податоци од компјутерските системи на Apple нема да лежи во затвор. Тој ја избегна затворската казна во Австралија и осуден е 8 месеци условно.  

Иако сега е возрасен, тој имал 16 години кога за прв пат ја хакирал компанијата во јуни, 2015 година, а истото го сторил и во ноември, 2016 година. Тој бил исфрлен од системот во ноември, но повторно успеал да украде податоци во април, 2017 година. Досега се веруваше дека украл 90 GB податоци од серверот на Apple, но судските документи откриваат дека станува збор за еден терабајт.

Полицијата ги пронајде овие податоци во неговиот компјутер, во фолдерот „Hacky Hack Hack Methods Exclude“.

Според адвокатот, момчето сакало еден ден да работи за компанијата и се надевало дека хакирањето ќе му помогне во тоа. По истражувањето на податоците што ги презел од серверите, неговата желба станала уште поголема.

Судот го казни со 8 месеци условна казна и одземање на уредите пронајдени во неговиот дом во текот на претресот. Истрагата открила учество на уште еден тинејџер кој му бил соучесник на првообвинетиот.

Извор: kajgana.com

loading...
Previous Седум гола за Лазaров во триумфот над европскиот шампион
Next Лејди Гага повторно се прошета на црвениот тепих без гаќички а шлицот покажа „малку“ повеќе! (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *