БИЗНИС

Швајцарското село Албинен ја обнови понудата: Бараме жители и нудиме 21.500 евра по лице

Жителите на швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, одлучуваат за новата политика со која на странци ќе им понудат пари да дојдат и барем десет години да живеат во селото.

Се работи за сума од околу 70.000 франци за четиричлено семејство.

Малото село во кое моментално живеат 240 жители, е едно од многуте во Швајцарија, кои последните години доживуваат големо иселување на жителите.

Иако во селото постојат бројни викендички, жителите, посебно младите семејства, си заминуваат.

Само во последната година селото го напуштиле три семејства со вкупно 8 деца, па локалната власт била принудена да го затвори селското училиште.

Жителите на селото бараат од локалната власт да направи нешто за во селото да се врати животот, но и за да се обезбеди иднината и опстанокот на селото.

Планот на локалниот Совет е на семејства или поединци, странци, кои ќе се одлучат да купат или изградат куќа во Албинен, да им подарат по 25.000 франци (21.500 евра) за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10.000 франци по дете.

Четиричлено семејство, според тој предлог, би добило бонус од 70.000 швајцарски франци.

Но, постојат и услови кои треба да се исполнат. Возрасните мора да бидат помлади од 45 години и да прифатат да живеат во селото најмалку 10 години.

При купување или изградба на куќа треба да вложат најмалку 200.000 франци и недвижнината мора да биде постојан дом, а не викендичка.

Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона.

Извор: centar.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close