in

Здравствени придобивки од утринскиот секс!

Сексот ја забрзува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, ја ублажува главоболката, ја подобрува самодовербата, го подобрува сонот, го јакне имунитетот и ги согорува калориите. Се прашувате зошто би требало да практикувате секс токму во утринските часови? Ние го имаме одговорот!

Намалена анксиозност

Ендорфините и другите хормони на среќата, како што се окситоцин и допамин, ја поттикнуваат циркулацијата, ги смируваат мислите и го намалуваат лачењето на кортизол. Кортизолот е „лош“ хормон што се лачи во стресни ситуации и е чест причинител на многу болести.

Поинтензивни оргазми

По повеќечасовен одмор, клиторисот е почувствителен и одлично реагира на стимулација. Кога велиме „одлично реагира“, мислиме на можноста за постигнување поинтензивни, но и побројни оргазми.

Подобра концентрација

Оргазмот го намалува нивото на кортизол, го смирува умот и ја подобрува концентрацијата. Сексот може да го има истото влијание како и утринската медитација, само што со сексот ќе потрошите повеќе калории.

Забрзан метаболизам

Во текот на ноќта, метаболизмот се забавува и наутро останува таков уште некое време. Најдобриот начин на покренување на метаболизмот е умереното утринско вежбање… или утринскиот секс!

Извор: exclusive.mk

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Бебе се роди во хеликоптер за време на лет над Хрватска!

Здраво петок. Насмевка на лице, кафето до вас и време е за дневна доза хороскоп (17 Август, 2018)