Што купуваме и јадеме: Каде македонските пазарџиите ги чуваат производите на овие горештини!


Во какви услови се складираат прехрамбените производи кои потоа како артикли им се продаваат на граѓаните. Ова е особено важно во летниот период кога температурите се високи.

Пеколни горештини го вклучија алармот за прашањето каква храна конзумираме и колку е таа безбедна на овие временски услови. Во какви услови продавачите ја чуваат и продаваат храната, а и колку самите граѓани внимаваат што и од каде купуваат. Тие велат пазарат единствено од проверени продавачи.

Масовни труења нема, велат од клиниката за инфективно, освен некои изолирани случаи кои главно се предизвикани од храна која не била добро згрижена. Докторите препорачуваат граѓаните најмногу да внимаваат на храната која содржи јајца и мајонез.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за консумирање на безбедна храна, да купуваат на одобрени и регистрирани објкети кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, и да внимаваат и на тоа каде се чуваат производите. Граѓаните кога приготвуваат храна дома да внимаваат на подготовката и на нејзиното чување на соодветна температура.

Извор: exclusive.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous Чувствувате болка во вагината? Ова се причините!
Next Селфи кое преплаши многумина: Ова е најстрашното нешто што сум го видел (Фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *