Ана Бекута ја раскажа тешката животна приказна: „Го родив Игор на 17 години и морав да го дадам во дом“!


Пејачката Ана Бекута својот наследник Игор Полиќ го родила како гимназијалка, на 17 години, по што ја прател тежок живот. По породувањето го оставила во дом за згрижување на деца, но и денес и е тешко да се присети на ова трауматично искуство.

Ана рано станала мајка, а млада поминувала низ тешки моменти, кои, за среќа, многу брзо успеала да ги преброди, а на својот син да му обезбеди безгрижно детство и нормален живот.

Пејачката синот го родила во вонбрачна врска. Била одвоена од своето бебе, а околината ја осудувала. И нејзините родители се нашле на ѕидот на срамот.

„На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, околината не беа сјајни. За да се смири целата ситуација го дадов Игор во дом. Остана таму осум месеци, јас одев секој десет дена да го видам и се враќав. Откога се среди состојбата во семејството, на мое инсистирање родителите се согласија да дојдам со Игор дома, и го доведов. Игор секако стана миленик на семејството, а јас во седумнаесетата година созреав. Гимназијата ја напуштив после втора година, а со раѓањето на Игор одлуката беше да се занимавам со музика”, раскажала Ана.

По цртите на лицето не е тешко да се забележи дека Игор многу личи на мајкаму, а таа не крие колку е горда на својот наследник.

Извор: exclusive.mk

loading...
Previous Еве за што уште може да го користите лакот за нокти
Next Сјајна кожа, витка линија, и тониран тен: Tајни за убавина од прекрасните Русинки!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *