МОДА И УБАВИНА

Кои се заводливите женски особини?

Ретко кој фраер ќе ве гледа како девојка за посериозна врска ако целото свое тело му го сервирате уште пред да дојдете до спалната соба. Еве неколку особини што ќе го привлечат за посериозно да размислува за вас.

1. Духовитост

Сите фраери ги обожаваат опуштените девојки, кои нормално се смеат и се шегуваат и на своја сметка.

2. Самоувереност

Жените што се сигурни во себе и знаат што сакаат се посакувани во секој случај, и како партнерки и како соработнички на работа.

3. Искреност

Не измислувајте глупости за да го импресионирате момчето, бидете опуштени, искрени и свои, колку и да ви изгледа вистината смешна или непријатна.

4. Образование

Не мора да имате докторат, но вложувањето во себе и во своето образование е привлечно бидејќи ви отвора многу различни теми на разговор.

5. Комуникативност

Супер е кога жената секогаш има подготвен одговор на поставеното прашање, но при тоа да не е премногу зборлеста или дрска.

6. Физички изглед

Уште подобро ако ги имате мерките 90-60-90. Секако, ако мајката природа и генетиката не ви подариле совршени мерки, тоа не е причина да паднете во депресија. Важно е да се грижите и да работите на своето тело.

7. Таинственост

Секогаш е пожењлна една доза на мистерија. Не му отркивајте сè за себе веднаш, при првата прилика.

8. Недостижност

Не смеете да бидете достапни апсолутно во секој момент. Понекогаш нека се запраша што е со вас и да очекува кога повторно ќе ве види.

9. Начин на облекување

Мора да се знаат границите на добриот вкус. Колку и да се актуелни трендовите, ретко кој фраер ќе го привлечете ако цело време му го сервирате телото уште пред да дојдете до спалната соба.

Извор: exclusive.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close