За прв пат, во штипското село Пиперово традиционална македонска свадба


Во штипското село Пиперово на традиционална македонска свадба судбоносно „да“ ќе го кажат Борче и Надица Ристови.

Идните сопружници подолго време живеат и работат во странство, но се одлучиле својата љубиов да ја крунисаат со традиционална свадба, така како што нивните предци стапувале во брак. Младоженецот Борче Ристов вели дека неговото родно место е село Пиперово, а свадбата ќе биде со сите адтети кои се практикувале во Лакавичкиот регион.

Свеченоста почнa во 10 часот, а свадбените обичаи во домовите на младоженецот и невестата беа околу 11 часот. Самата венчавка е во селската црква „Св. Богородица“. Карактеристика на свадбата е тоа што ќе може да присуствува секој кој сака одблизу да се запознае со традиционалниот начин на одржување на свадбената свеченост. Целата иницијатива ја поддржа Дом на млади – Штип и Академија „Еуро-арт“. Универзитетскиот професор Ангел Михајловски од „Еуро-Арт“ вели дека пред неколку години имале и теренски активности.

– Обичаите кои се практикувале во овој регион ги објавивме во една научна публикација. Многу ни е мило што Ристови сакаат својата свадба да ја направат според оние обичаи, кои се практикувале до педесетитет години од минатиот век, вели Михајловски.

Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков вели дека за сите посетители е организиран и бесплатен ручек и пијалоци. Оваа манифестација годинава ќе се одржи за прв пат, но тенденција е во иднина да стане традиција.

Извор: exclusive.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous Уапсиле баба која има 100 години причината за тоа едноставно е незамислива
Next Старец (87) се оженил со 22-годишно девојче, а она што се случило на првата брачна ноќ ќе ве остави без ТЕКСТ!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *