in

Баба Зора има 77 години а месечно заработува некогаш и повеќе од 1.000 евра!

loading…


Зора Тешевиќ (77) од Ужице и во осмата деценија е меѓу првите на пат кон Ариље, и оваа година да бере малини, боровинки и капини.

„Веќе 5 години рабoтам кај исти луѓе. Минатата година работев три месеци, човекот кај кого берев тогаш ми купи торта на 12. август за мојот 77. роденден“ – вели баба Зора.

И покрај трагедијата која ја доживеала, ги погребала своите два сина утеха наоѓа во работата.

„Минатата година ми почина синот кој имаше 57 години, веднаш по 40-дневниот помен отидов да работам. Набрав 118 килограми капини, останатите работници доаѓаат да  берат малини еден месец или два и си одат, јас останувам и за капини и боровинки. Заработив 1.100 евра“ – вели Зора и додава дека се што заработила дала за споменик.

И оваа година после годишнината тргнала на берење иако за себе вели дека не е многу здрава, пие редовно лекови и покрај работата од утро до вечер помага на газдарицата да ја постави вечерата и некогаш ги мие садовите.

Баба Зора живее сама, но живее за внуците, едната магистрирала економија во Белград а другата е дефектолог.

„Имам јас моја мензија од 200 евра, некогаш работев административни работи во Регионалните СИЗ-ови во Ужице, тоа за мене е доволно. Она што ќе го заработам дополнително оваа година ќе оди во рацете на моите внуци“ – вели гордо Зора.

Извор: exclusive.mk

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Што се случува со нашите очи кога ќе ги протриеме и ни се појавуваат „светки“?! Еве го одговорот! (ВИДЕО)

Лек за сите болести: Најздрав напиток кој го имаме дома но го фрламе!