in

Најскапата камуфлажа во историјата: Како Американците ја криеле фабрика за авиони на „Boeing“

За време на Втората светска војна производството на еден бомбардер Boeing-17 чинело над 200.000 долари. Тоа е околу 3,4 милиони долари пресметано во денешното стопанство на САД. Американската армија побарала илјадници вакви авиони и било важно да се преземат сите можни мерки на претпазливост и заштита за да се обезбеди фабриката на „Boing“ во која се произведувале.

Под „сите можни мерки“ се подразбирало ангажирање на холивудски сценограф кој направил цела населба врз фабриката, а потоа биле ангажирани актери кои глумеле локални жители на сетот.

Како заштита на фабриката за авиони од воздушни напади „населбата“ била изградена во 1944 година и отстранета една година по завршувањето на војната. Холивудскиот сценограф ангажиран за овој пдвиг бил Џон Стјуарт Детли. Тој ја „сокрил“ Фабриката бр. 2 на Boeing користејќи ги истите техники за градење на филмски сетови – со лажни улици, тротоари, дрвја, огради, автомобили и куќи што требало да ги измамат потенцијалните напаѓачи.

Под сетот, 30.000 вработени во фабриката правеле 300 бомбардери месечно за борбата против нацистите. Флотата со бомбардери Boeing-17 наречена „Flying Fortress“ пушти 640.000 тони бомби само врз Германија за време на војната, а од вкупно 12.731 авион што биле направени таму, околу 50 денес се зачувани во одлична состојба.

Проектот чинел околу 1 милион долари во 1942 година, што денес би изнесувало околу 18 милиони долари.

Извор: кајгана.ком

loading...

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Жената пријде да се слика со Федерер! Погледни ја неговата реакција кога сфатил дека е без гаќи!

Дневен хороскоп (14.03.2018) Среда