in

Дневен хороскоп (06.03.2018) Вторник

Овен (21.03 – 20.04)

Она што го доживувате овие денови е еден вид изолација, дали доброволна или како одраз на повисоки околности. Самотијата е најдобар пријател, па искористете ја конструктивно. Обидете се да најдете подобар начин за осамување. Никогаш не сме толку успешни колку што би сакале.

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте да навалувате со своите идеи иако една врата малку ви се отвори, се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо чекајте ги своите пет минути. Ќе дојдат. Кога ви е тешко најдете ведри луѓе.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашиот деловен интерес полека се насочува кон истражување. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да ги остварат своите соништа на сосема необичен начин.

Рак (22.06 – 22.07)

Сериозни сте кон се. Околината не може да ги разбере вашиот перфекционизам и настојувањето да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно не ви укаже на грешките, се лутите. Не дозволувајте никој да влијае врз вас, дури и со најдобра намера.

Лав (23.07 – 22.08)

Не сакате околината да види кога ништо не ве интересира, па се повлекувате во свој свет во кој ги правите работите што ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошата волја е некој здравствен проблем или прекин на пријателство. За што и да се работи, излезот ќе биде брз.

Девица (23.08 – 22.09)

Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не оптоварувајте се со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.

Вага (23.09 – 22.10)

Очигледно сте претерале со работата, па се чувствувате исцрпено и уморно. Не сакате семејството да забележи како се чувствувате, па вешто глумите. Доколку некој се обиде да ве допре, ќе дојде до конфликт. Се ви се насобрало. Со спорт лечете го или ублажете го стресот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Функционирате на повеќе страни. Мора она што сте го започнале да го завршите, бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организаторски способности кои денес ви одат во прилог. Со Стрелците можете да остварите идеална комуникација.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе донесете одлука поради која можеби ќе имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Сте почнале да грешите на тој план, па партнерот е на крајот на нервите. Бидејќи се уште не е доцна да се вразумите, свртете се кон работата.

Јарец (22.12 – 20.01)

Лесно воспоставувате контакти и ги постигнувате целите што сте ги зацртале. Тоа првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на овој знак доживуваат незаборавни моменти опиени со нежни љубовни чувства.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви претстои успешен ден. Наоѓате време за саканата личност и за омиленото хоби. Со еден збор – уживате. Моментите што ви претстојат се идеални за секаква активност, под услов да не претерувате. Личност во знакот на Стрелец ќе ве поддржи во се.

Риби (20.02 – 20.03)

Вашиот професионален живот бара промени и за среќа тие промени се на прагот. Ќе бидете максимално организирани и секој момент ќе го користите продуктивно. Сепак, не претерувајте со опседнатоста со работата. Не треба да станете работохолик.

Извор: vesti24.mk

What do you think?

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Протест! Со чевли пред Владата

Оваа жена успева да влезе во тегла (видео)